Во слава на поетот Игор Исаковски (1970-2014), на 55-годишнината од неговото раѓање, на 19 септември во кафе-книжарницата Буква од 20 ч. ќе се претстави книгата со неговата собрана поезија со наслов „Совршен поет” во издание на Или-Или.Книгата има 700 страници собрана поезија на еден од најзачајните и најпознати современи македонски поети.
Уредник на изданието е Елизабета Баковска, поговорот го напиша Елизабета Шелева а фотографиите во книгата се на Сашо Димоски. Дизајнот на корицата е на Марија Смилевска а графичкото уредување на Светлана Кочовска-Стеовиќ.
куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени
со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски
текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски
содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се
цитира.