Парк на Франкофонијата – Експериментални видео театарски проекти во Мобилна галерија ЦАЦ Скопје

Во Мобилната галерија ЦАЦ Скопје – Парк на Франкофонијата, Македонскиот центар ИТИ/Продукција вечер и утревечер ќе има проекција на три експериментални видео театарски проекти проследени со отворени модерирани дискусии со креативната екипа која ги создава.

Публиката ќе може да ги проследи видеата „Destination: Skopje-Gabrovo“ (2020), „The PCR Song“ (2021) и „KRIEG/ACINSELAK“ (2024).

Покровители на настанот се Мобилна галерија ЦАЦ Скопје, Министерство за култура и туризам, Култура за развој на Швајцарската влада спроведуван од Хартефакт фонд – Hartefact Fund Embassy of Switzerland in North Macedonia.

Учесници на јавните дискусии од екипата на проектите ќе бидат актерите Здравко Стојмиров и Кирил Дончов, режисерката Теа Беговска и Иванка Апостолова Баскар – креатор на проектите.

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.