Видео театарска проекција КРИГ/АЦИНСЕЛАК- 26 и 27 септември, на фестивали во Скопје

Видео театарска проекција КРИГ/АЦИНСЕЛАК, ќе биде  во сабота и недела на фестивалите кои ќе се одржуваат во Скопје.
На 27.септември на Маалскиот фестивал во Дебар Маало – во салата на СКЦ ЈАДРО, на  со почеток во 19ч. По проекцијата следи разговор со дел од екипата на проектот Здравко Стојмиров – актер и Иванка Апостолова Баскар – продуцент/режисер
На 28. сптември ќе биде дл од Скопскиот театарски шокејс во Бар Гарсон,  со почеток во 17ч. По проекцијата следи разговор со дел од екипата на проектот Здравко Стојмиров – актер и Иванка Апостолова Баскар – продуцент/режисер
КРИЕГ/АЦИНСЕЛАК  е завршен во 2024 г. Станува збор за експериментален видео театар, снимен со дигитална видео камера на Германските воени гробишта во Битола, поддржан од Креативна Европа и малцински удел на Министерството за култура на Р.С. Македонија.
Од 2024 г. до денес, прикажан е на повеќе домашни и меѓународни филмски и театарски фестивали (Монодрама Фест Битола, КИЦ-Салон 1919 Скопје, Призрен Фест, Фестивал Ристо Шишков-Струмица, Независна сцена во Драмски театар Скопје, Театарски Фестивал Св.Јоаким Осоговски-Крива Паланка, СПАФ-Кина/Театарски фестивал Патот на свилата во Шангај, Сахара театарски фестивал во Алжир) и награден е за најдобар експериментален долгометражен проект на повеќе фестивали во Индија и Европа.
куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.