Акција на „Ума Сто“ за поздравување – Младите обновуваат објект стар 100 години

Здружението „Ума Сто“ започна донаторска кампања за обнова на објект стар околу 100 години во селото Умин Дол. Објектот е лоциран на околу 10 километри југозападно од Куманово, а младите го добило на трајно користење.

Станува збор за зграда со посебна историска вредност, проектирана од рускиот емигрант Владимир Антонов, белогардеец кој по Првата светска војна работел во Општина Куманово.

„Сакаме објектот да стане центар за културни и едукативни активности – работилници, пролетни излети, детски екскурзии и разни настани што ќе го оживеат селскиот туризам. Но, предходно е потребна сериозна интервенција, прво е неопходно да се замени кровот за да се спречи понатамошно оштетување. Нашата желба е да го сочуваме овој објект и да му дадеме нов живот, во служба на селата и идните генерации. Секоја помош е добредојдена – било парична, било во градежен материјал“, посочуваат од Здружението „Ума Сто“.

 

 

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.