Од 15 до 18 октомври во Загрб, Хрватска беше одржано 4. Издание на Интернационалниот фестивал на детски театри „Игор Маџиров“. Оваа година ГРН ПРИ наградата и припадна на претставата „Малата Фрида“ во режија на Аница Томиќ, а во изведба на Градскиот театар „ЖАР ПТИЦА“ од Загреб.
„Претставата е топла, духовита и со визиелно раскошна сценографија и костими, раскажува приказна за тешките денови на малата Фрида Кало, која им зборува на децата на јасен и ангажиран начин за различностите и прифаќањето“, се наведеува во одлуката на професионалното жири во состав: Игор Третињак, театролог од Хрватска, Изабела Новотни, актерка при Театарот за деца и младинци и Јулијана Мирчевска, актерка и претседателка на националниот центар „АСИТЕЖ“ Македонија.
„Малата Фрида“ беше прогласена за најдобра претстава и од страна на детско-младинското жири во состав: Бисера Мојаноска, Ведран Маричиќ, Уна Дона Силјановска, Теофрил Сачкарски, Саша Димитревска, Софија Петрушева и Јанис Далајоргос.
Наградата за најдобра режија беше доделена на Давид Зуазола за претставата „ПРОЗОРЕЦОТ“ во изведба на Театарот за деца и млади „МЕРЛИН“ од Темишвар, Романија. Оваа претстава ги понесе и специјалните награди за музика за Лазар Новков, колективна актерска анимација за Роберт Копот и Лаурентиј Плеша и за визелен идентитет за Давид Зуазола и Атила Бајко.
Наградите за актерски остварувања им беа доделени на Аманда Пренкај, за улогата на Фрида Кало, во претставата „МАЛАТА ФРИДА“ и на Таноси Сиорис, за извонредните актерски креации во претсавата „СИНО“ во изведба на театарот „Хоп Сињор“ од Атина, Грција.
Наградата за најдоба костимографија беше доделена на Дорис Крстиќ, а за сценографија на Игор Васиљев за претставата „Малата Фрида“.