Фестивал „Стоби 2025“ – Драмски со претставата „Ифигенија за ништо“

На големата сцена на театарот „Јордан Хаџи Константинов – Џинот“ во Велес, вечерва во 20 часот, во рамките на 22. Интернационален фестивал на античка драма „Стоби 2025“ гостува Драмски театар Скопје со „Ифигенија за ништо“.

Годинашното издание на ИФАД „Стоби 2025“ започна на 29 октомври и по затварањето на фестивалската програма на 5 ноември, жирито во состав Јордан Витанов, Фаик Мефаиловски и Христина Атанасова-Арсова, ќе донесат Одлука за доделување на наградите за најдобра претстава, режија и машка и женска улога.

Улогите во претставата ги играат актерите на Драмски театар Скопје: Димитрија Доксевски, Филип Трајковиќ, Јелена Жугиќ, Нина Елзесер, Стефан Вујисиќ, Сара Климоска, Марјан Наумов, Томислав Давидовски. Во хорот се актерките: Ивана Павлаковиќ, Ања Митиќ, Јована Спасиќ, Александра Павлова Бубања и Јована Миладинова.

Премиерата на претставата „Ифигенија за ништо“ се реализираше во април, согласно Годишната програма на Драмски театар за 2025 година. Претставата е адаптација по текст и режија на Филип Петковски, кореографијата е исто така на Филип Петковски, сценографијата на Мартин Манев, а костимите се на костимографите Антонија Гугинска Јорданоска и Гордана Божиновска.

 

 

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.