Вечерва во 20 часот, во бифе „Тафталиџе“ ќе биде отворена изложбата со фотографии од актерот Ристо Шишков. Изложени ќе бидат фотографии кои се дел од неговиот филмски и театарски опус, како и фотографии на кои се прикажани моменти од неговиот приватен живот.
Ристо Шишков беше истакнат театарски и филмски актер. Роден е во 1940 во селото Мрсна и бил меѓу децата бегалци од Егејска Македонија. Во 1957 почнал да глуми во Народниот театар „Антон Панов” во Струмица. Во 1962 дипломирал глума на Театарската академија во Белград, а по двегодишната работа во Југословенско драмско позориште во Белград, во 1964 станал член на Драмата на Македонскиот народен театар. Играл во 54 театарски претстави и снимил 11 филма, пет телевизиски драми, три ТВ-серии и повеќе радиодрами.
Оваа избложба е организирана од неговото семејство.
куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени
со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски
текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски
содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се
цитира.