Во рамките на богатата културна понуда на Град Скопје како Европска престолнина на културата 2028, со особена чест Ве покануваме на отворањето на самостојната изложба на дизајниран накит и облека , “IMAGINATION” од АЛЕКСАНДРА ВЕЉАНОВСКА , AVEL CLOTHING AND ACCESSORIES
Изожбата ќе се отвори на 10.10.2025 (петок) 18:00 до 22.00 во ГАЛЕРИЈА „КО-РА“ – мал салон, на ЈУДом на култура „Кочо Рацин“-Скопје
Александра Вељановска твори под име AVEL CLOTHING AND ACCESSORIES .
Позната е како дизајнерка на накит и други модни креации и активно е присутна во сферата на визуелните уметности, претставувајќи ги своите колекции во рамките на самостојните изложби но и во рамките на повеќе групни изложби кои се од тематски ангажиран карактер, со што го потенцира значењето на модата како неразаделен дел од нашето секојдневие, но и од нашето културно минато и традиција.
Дипломира 2015 година на Европскиот Универзитет во Скопје, на Факултетот Арт и дизајн, во класата на проф Д-р Јана Манева Чуповска, Учествува на преку 30 -тина групни изложби помеѓу кои се изложбите посветени на музиката и танцот, насловени „Вечното Танго“, изложбите од еколошки карактер по повод Денот на пролетта и Деновите на екологијата, изложбите по повод Денот на Европа и други проекти.
Овој проект е поддржан во рамките на Годишниот конкурс на Галерија „КО-РА“ ,ЈУ Домот на кулчтура „Кочо Рацин“ -Скопје и Град Скопје со можност за користење на простор за реализација на изложбата.
Проектот е насловен „IMAGINATION” и има за цел афирмација на ретро дизајн поврзан со периодот на минатиот век, на дваесеттите, триесеттите, шеесеттите години и според авторктаа „овој проект нуди времеплов каде што старото се спојува со новото и со техниките на изработка збогатени со нота на денешното модерно секојдневие.Во колекцијата ќе бидат доловени симетријата, асиметријата, како и винтич формитње на елегантниот дамски накит и облека што пленеле со својата убавина, грациозност и елеганција. На сетовите од огрлици и обетки ќе стојат полудраги камења, високо квалитетни стаклени мионистра, како и монистра од мурано стакло.“ -истакнува Александра Вељановска по повод оваа нејзина самостојна изложба во Галерија „КО-РА “- во ЈУДом на култура „Кочо Рацин“-Скопје.
куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени
со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски
текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски
содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се
цитира.