На 23.09.2025 (вторник) со почеток во 20:00 часот во Национална устанoва
Центар за култура “Трајко Прокопиев” Куманово, во изложбениот салон ќе
биде отворена Ретроспективна изложба на слики “55 – години ликовно
творештво” на Боро Арсовски – Бабата.

Основно и Средно образование завршил во Куманово. Со сликарство се занимава од 1969 година како сликар наивец и воедно изработува скулптури во камен и керамика –
теракота. Првпат излага во 1971 година со ДЛУК од кога е и член на друштвото со кое
настапува на многубројни годишни изложби ширум Југославија. Член е на УСУ-Галерија “Југославија” Белград. Од 1986 година членува во УСУ “Трета димензија” Белград.

Загреб, Петриња, Врбовец, Нови Винодолски – Р. Хрватска, Сански Мост, Лукавац – Р.
Босна и Херцеговина, Врање, Светозарево – Р. Србија, Требње – Р. Словенија. Има
учествувано на преку 200 групни изложби и 4 самостојни. Неговите дела се лицитирани
на неколку аукции во Белград и Скопје, за кои имало најголем интерес, најдолго се
лицитирани и најскапо продадени. Неговите слики се наоѓаат во многу Галерии, Музеи и приватни колекции ширум светот. За творештвото на Арсовски се снимени 2
документарни филма. Едниот во продукција на Македонска Радио Телевизија, а вториот
филм е снимен за меѓународениот филмски фестивал “Златни сунцокрет” во Р. Србија кој е награден со златна плакета. Боро Арсовски –Бабата живее и работи во Куманово, како самостоен сликар –наивец и сопственик е на уметничка Галерија “Art Gallery Arsovski”.
Проектот е од националено значење во културата од годишната програма на
Национални установи за 2025 година поддржани од Министерство за култура и туризам
на Р. Македонија.
куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени
со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски
текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски
содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се
цитира.