Инсталацијата „Релации“, се изложува за прв пат, во отворен простор и создава релација со урбаниот пејзаж на паркот. Концептот за уметничкото дело, инсталацијата, е инпириран од македонскиот јазик и неговата азбука. По 80 години од кодификацијата на македонскиот литературен јазик, знаците, односно буквите, се изложени како скулптурални форми кои егзистираат во отворен простор и формираат еден збор, љубов.
Во паркот, каде се среќаваат природата и секојдневните динамики, делото има за цел да ги црта јазикот, просторот и љубовта. Љубов, како збор, како идеја но и како онаа кон строга песна, љубов кон јазикот, чувството на припадност и потребата за ликовна препреобразба на нештата кои допираат.
Инсталацијата ја истражува формата, линијата и бојата како ликовни елементи, и со нив гради композиција која го обликува просторот во интеракција помеѓу посетителот кој се движи во делото.
Со поставување на делото на отворено, изложбата излегува од рамките на галерискиот простор, внесувајќи ја уметноста директно во секојдневието на минувачите. „Релации“ станува место на средба, размислување и емоционално доживување. Делото не бара тишина туку иницира присуство на нови релации, релации со себе и со другите, односно дијалог помеѓу визуелното и внатрешното.
Инсталацијата ќе биде изложена во склоп на фестивалот „Еволуција на сонот“ од 11 до 13 септември. Овој проект е поддржан од Општина Ѓорче Петров Скопје.