Вечерва во 19 часот, во Галерија Флу ке биде отворена изложбата под наслов „Приказни за замислен дом“.
Оваа идеа доаѓа после повеќемесечна соработка помеѓу група студенти и наставен кадар од Факултетот за ликовна уметност при УКИМ и Колеџот за кинеска и ASEAN уметност при Универзитетот во Ченгду (Кина).
На изложбата учествуваат 18 студенти од Скопје и Ченгду, со потекло од различни студиски подрачја како сликарство, графика, визуелни комуникации и дизајн на продукт.
Секој студент, во соработка со партнер од спротивниот универзитет, замислува како би изгледал родниот град на својот партнер за 100 години во иднина.
По повеќемесечна соработка на далечина, процесот кулминираше со изработка на дела во различни медиуми – дигитални и традиционални слики и цртежи, текстилни модели, анимација и спекулативни игри, кои и овозможуваат на публикатат да размисли за иднината на заедниците, природата, технологијата и значењето на домот.