МКЦ – „Imagine Macedonia 2025“

Во Младинскиот културен центар, на 10 октомври со почеток од 19 часот, во организација на Музичка младина на Македонија ќе се одржи првото издание во живо на „Imagine Macedonia“, националниот натпревар за млади музичари и бендови со авторска музика, на возраст од 13 до 21 година, кој е дел од интернационалниот проект „Imagine Music Experience“ на Jeunesses Musicales International (JMI).
Натпреварот годинава се одржува во рамки на познатиот фестивал „Здраво млади“, во соработка со Младинскиот културен центар – Скопје.
По три успешни онлајн изданија, кога македонските победници беа избирани преку дигитална селекција и ја претставуваа земјата на интернационалното финале во Брисел, оваа година натпреварот за првпат ќе се одржи во живо, пред публика.
Во финалето на Imagine Macedonia 2025 ќе настапат осум бендови кои се пласираа преку националната селекција:
LSD During War, Големата Вода, Мираж, VENDM, Sunneater, Tsar Von Time, Корка и The Pot. Сите натпреварувачи ќе настапат со авторска музика.
Националниот победник ќе ја претставува Македонија на големото интернационално финале во Брисел, Белгија, кое традиционално се одржува во декември и ги обединува најдобрите млади музичари од сите земји учеснички.

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.