
Википедија одамна користам. Деновиве наполни 21 година на постоење а јас сигурно некои 15-тина години ја користам. Вниманието ми го сврте од 2015 година кога се објави моја статија во македонската и српската Википедија и оттогаш редовно следам и ја пребарувам. Од скоро научив и да внесувам статии и тоа ми е предизвик, штета што во моментов немам време, ама секогаш има простор за таква работа. Инаку со задоволство ја прифатив понудата за обуките по училишта каде покај делот за тоа што претставува Википедија, отварање на Вики клубови по образовните инситутции, јас во мојот дел зборувам за Медиумска писменост и медиумска култура. Тоа е нешто навистина што ме исполнува. А посакувам односот кон Википедија да се развие до ниво како во другите земји, па масовно луѓето од образованието, медиумите и институциите да се вклучат во пишувањето статии, затоа што создавањето на побројна и побогата Википедија на македонски јазик е во интерес на сите.
Уф, тоа ми е најболното прашање изминативе две и пол години а беше најголема радост и успех, но веќе не давам да ми се менуваат чувствата, заради сегашната непрофесионална состојба на тимот која направи “возобновување на култната серија за деца “ ама без главниот идеен творец и автор сценарист, ЈАС. „ Дајте музика“ е серија која почна од моја идеја “Ајде да направиме модерна музичко-играна серија за деца “ до првиот предлог Синопсис, до првите две пилот сценарија, до двата серијала на оригиналната серија “Дајте музика“. И со години ја претставуав и надвор од Македонија и со децении го одржував култат за неа.
Во 2018 година направив средба со пораснатите деца од Дајте музика и објавив дека сакам да снимам нова веризја на песната и спот со нив и други деца. И тука почна најверојатно она што доведе до оваа состојба. Во август 2019 сосема случајно на улица еден автор за деца (Перо Миленковски) ми честиташе за новото продолжение на “Дајте музика“ а јас затечена не знаев ништо. Бев шокирана, повредена, лута. Веќе почна снимањето овој пат копродукција на МРТ (патем куќата каде работев 27 години и направив илјадници минути програма, донесов многу домашни и Меѓународни признанија, ги правев првите пробиви после оделувањето од ЈРТ на меѓународната телевизиска сцена и тоа многу успешно). Никој не најде како професионален и човечки чин да ми се јави, да ми каже да ме праша. Зад продолжението стои МРТ во копродукција на Рифенштал, зад која стои Цаци Паковска, која се појавува како сценарист на новите продолженија и нејзиниот татко Лазар Паковски, режисерот кој јас го одбрав да ја режира првата сезона од „Дајте музика“ (втората ја режираше Миле Грозданоски).
Не знам заради што судијата донесе Пресуда со тоа што се одбива мојата Тужба и смета дека јас немам право на авторство и ниеден исказ на моите сведоци (Велко Неделковски, (драматург на серијата),Томе Кирков (продуцент на серијата), Миле Грозданоски (режисер), Снежана Конеска-Руси (главен актер во серијата) и Томче Стојков (режисер), па ни мојот без образложение не се земени во предвид т.е. образложението беше дека сведоците не се компетентни а јас сум се бранела. Не ги зема предвид Судот ни матерјалните докази кои се бројни и оди по патот на селективна правда. Доказ кој е круцијален и го има МРТ, три пати го баравме а Судот му дозволи на МРТ да не го доставува, истиот го баравме и преку Народен правобранител и чудно отпочеток се одеше комуникацијата во ред и наеднаш од кај НП никој не се јавува на моите барања. Инаку тоа е Договор меѓу МРТ и мене како автор на сценариото на “Дајте музика “, токму веќе покојниот тогашен одговорен уредник Петар Костовски рече да го потпишеме за да ме заштити МТВ од понатамошни злоупотреби. Јас го немам а МРТ не сака да го даде и Судот му дозволува.
Апелациониот суд, може било кој сака да види, бидејќи Пресудите се во групата на документи во Слободен пристап на информации, истите зборови, цели пасуси, истите нелогичности од Основниот буквално со copy paste се пренесене во нивната Пресуда. И не само што не ми го признаваат евидентното авторско право со сите докази туку ме задолжија со трошоци од 15.000 евра. Немам зборови, но сеуште верувам дека правдата е слепа и глува и постои некој, кој сепак води сметка да исплива на површина. Ќе ги користам сите правни можности и во земјава и во странство да докажам дека сум оштетена и дека кон мене има неправично судење и однос.Авторот при користењето на авторското дело, или неговите примероци ги има следниве исклучиви материјални права: Законот е одличен и јасен по сите ставки. Така што авторското право е неприкосновено и на него има право само авторот. По однос на Право на преработување на делото,стои: Преработување, во смисла на овој закон, е превод, приспособување, вклучувајќи и аудиовизуелно приспособување, музички аранжман и друго менување на авторско дело и на дело од народното творештво, како и на други пишани материјали, како што се преводи на службени текстови кои не се направени за службено користење е право на авторот. Во Законот стои дека: Материјалните права траат за време на авторовиот живот и 70 години по неговата смрт, доколку со овој закон поинаку не е определено. Моралните права траат во различни рокови определени со овој закон. Во делот на Авторско дело од работен однос, стои: Во случај кога авторското дело е создадено од работник при исполнување на неговите работни обврски или по упатство на работодавачот (во натамошниот текст: авторско дело од работен однос), се смета дека материјалните права на авторот на тоа дело, исклучиво му се пренесени на работодавачот за време од пет години по завршувањето на делото, доколку со колективен договор, односно со договор за работа поинаку не е определено. (2) По истекот на рокот од ставот (1) на овој член, материјалните права му припаѓаат на работникот, со тоа што работодавачот може да побара нивно повторно исклучиво пренесување, доколку му плати на работникот надоместок за секој одделен вид материјално право. (3) Независно од ставовите (1) и (2) на овој член авторот има право на надоместок за секое изнајмување. (4) Авторот не може да се откаже од правото од ставот (3) на овој член.
-Телевизијата ја оставивте во еден се уште продуктивен период за вас како автор, кога можевте уште да дадете. Од оваа временска дистанца, тоа беше добра или не толку добра одлука?
Имав две опции да останам во МТВ да не работам ништо, да чмаам и земам редовна плата или да заминам и да се втурнам во стотици предизвици без сигурни матерјални средства ама да создавам. Го избрав второто. Тоа сум ЈАС и повторно би го направила истото. Само моја грешка беше што не се споив со одлуката веднаш, сепак подолг период МТВ и она што го работев таму многу ми фалеше. Откако ја раскинав таа врска се тргна поинаку. Инаку да, имав уште многу да направам и понудам во МТВ.
На Детската Еврвизија ја пријавив МРТ како уредник на Програмата за деца и млади во 2002 година, во период кога немавме раководство (политичка промена). Не примија на едно јавно ждребање, од 22 пријавени држави т.е. Јавни дифузери членки на ЕБУ требаше да учествуваат 15 и влеговме. Бев многу среќна, сметав дека децата од Македонија заслужуваат да пеат во Европа т.е. како што велев “Европа треба да ги чуе децата од Македонија“. Јас сум потписник на Актот во ЕБУ – Женева, каде бев на првиот состанок за Детска Евровизија и тоа и таму го кажав на претставниците кога требаше да дадеме кратко резиме за нашиот интерес да учествуваме во ова најголемо музичко шоу за деца во Европа. Три пати бев на Детска Евровизија и тоа два пати како Шефица на Делегација, првиот пат во Копенхаген 2003 и втриот пат 2007 во Ротердам каде постигнавме најголем успех а во Букурешт бев како дел од Тимот, затоа што веќе бев и назначена за Шефица на Големата Евровизија 2007 па состанокот ЕБУ го направи за време на Детската во Букурешт. Голем професионален предизвик и убаво чувство ми беше, затоа што јас секогаш сакав да работам големи проекти. Во Ротердам беше совршено, со песната “Динг, динг, донг“ Росица и Димитар, плус четирите деца беше совршен проект и за малку (5 гласа не делеа од победникот ) и бевме 5-ти делевме 4-то место заради помал број на 12-ки. Целата екипа беше пресреќна. За мене тоа беше голем успех, но за жал не можеа да ми го простат многумина во МТВ и по враќањето во Ротердам почна крајот на мојата работа во мојата сакана матична куќа. Ја гледам Детската Евровизија и секогаш имам нови идеи како би направила јас (нормално со добар тим), едно е јасно, работат ТВ куќите, многу работат на овој проект. Можеме и ние и можеме и да победиме, само да се знае како да се организира сето тоа.
Од тие денови помнам два моменти, првиот беше оној момент кога влеговме во Финале и излегов со Каролина на сцена а после низ тунелот посипан со цвеќе отидовме во Прес центарот, многу што би рекле КУЛ чувство. И вториот сите Шефови на делегации имаат свој возач и кога мојот возач, патем прекрасен човек ме носеше на проба за финале се паркираше и ми отвара врата и јас не знам како дојде тоа се судрив со фронтменот на Лорди, некако огромен, маскиран и влеговме заедно во Арената. Се создаде еден убав волшебен момент вреден за паметење. И само убавите ги помнам, се друго некаде низ годините исчезна.
Во писателскиот опус имам издадено седум книги и две кои чекаат печатење веќе подолго време. Можеби тоа ми е некоја кочница, па не сум авторски активна. Едната е стручна книга за комуникација на млади со наслов “Кажи ми да ти кажам “ а другата е илустрирана книга за деца „Најденко во магичниот круг“, која е направена по истоимената моја драма, која на анонимен конкурс беше наградена од Министерството за култура 2016-тата година. Драмата не ја постави ниту една театарска инситтуција. А зошто? Ми велат дека треба да се поврзам со кругот кој е присутен на театарските сцени, ама јас некако сметам дека мое беше да ја напишам и не само што беше наградена, туку многу театарски работници ја пофалија како исклучително драмско дело за деца. Но, велам јас: “Еден ден Најденко ќе го најде патот до детската публика а дотогаш да создаваме други нешта“. И книгите не се издадени од проста причнина, не сум добила подршка ни од Градот ни од државата во областа на финансирање на дејности од културата, со година безмалку седум.
Заминав од МТВ после 27 години непрекината успешна работа, кога почуствував дека веќе не чуствувам дека припаѓам таму. Немаше можност да се работи професионално, да се работат големи проекти, да се создава авторство и се се сведе а откако заминав уште повеќе на дневно-формално полење на програмата. Инаку од МТВ заминав како Заменик директор за продукција и копродукција а последен конкретен проект ми беше уредник на “Пирамида“. И толку беше. Имав после три години една понуда да се вратам што заврши неславно. Да, бев веќе во преговори со Штипскиот Универзитет, Факултетот за новинарство, веќе магистрирав и почнав докторската да ја подготвувам на Комуникации во ИСППИ, ама нештата не се одвиваа како што планирав и некако мојата професионална патека ја промени насоката. Отворив Детски креативен центар “Ѕвезда“, работев претстави, фестивали со децата, организирав настани, промоции, патував на Фестивали по Балканскиве земји, членував во многу жирија повеќе надвор од границите, издадов три книги и напишав плус две. Работев не знам ни сама колку работилници, држев предавања за Креативно пишување и Комуникациски вештини. Работев многу и секогаш со љубов. И еве ме сега и тука, во сосема некоја друга страна на професионалната патека.
-Дали работите во моментов нешто, веќе подолго време скоро шест години ништо на јавноста не и понудивте?
-Велите дека никогаш не ви престанува инспирација ни за животот ни за професијата, како се објаснувате себе си во тој поглед?Валентина Ѓоргиевска Парго


































