Алабаковски повторно на сцена

Утре, во „Јавна соба“ по цели 10 години отсуство од сцената, Ламбе Алабаковски повторно ќе настапи пред скопската публика.

„Конечно, по десет години на некој му текна да го викне Ламбе Алабаковски во Скопје, да ги испеам моите најголеми хитови и општо хитови кои останале запишани во историјата, а верувам дека ќе останат и по 10 октомври“, изјави Алабаковски.

На концертот публиката ќе има можност да се потсети на неговите најголеми хитови.
Алабаковски се натпреваруваше на македонскиот избор на песна за Евровизија Скопје фест во 2007 година. Тој ја изведе песната „Бело е се“ која е напишана од Елена Ристеска, а компонирана од Роберт Билбилов. Исто така, Алабаковски се натпреваруваше на истиот фестивал во 2008 година со песната „Земјо моја“.

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.