„Одржлива трансформација во туризмот”- Крушево денеска беше домаќин на настан по повод Светскиот ден на туризмот

По повод Светскиот ден на туризмот, кој традиционално се одбележува на 27 септември, Министерството за култура и туризам, денеска реализрше  настан во Крушево, на тема: „Одржлива трансформација во туризмот”.

Настанот имаше за цел, да поттикне дијалог и размена на искуства меѓу професионалците од туристичкиот сектор, локалните заедници и институциите, со фокус на добра практика и иновативни решенија кои придонесуваат за одржлив развој во туризмот.

Во рамките на програмата беше одржана панел-дискусија со учество на претставници од туризмот и носители на иницијативи за одржлив туризам. Беа презентирани, конкретни примери на успешни приказни, како и идеи за подобрување на туристичката понуда на национално и на локално ниво.

Покрај дискусиите, посетителите  имаа можност да уживаат и во богата програма, која вклучува: презентација на традиционални занаети, дегустација на крушевски специјалитети, активности на отворено – јавање коњи, велосипедизам и кајакарење по езерото.

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.