Операта „Палјачи“ од Руџеро Леонкавало ќе биде изведена на 7 ноември 2025 година, 20.00 часот.
Ова е едно од највеличествените дела на оперскиот веризам, кое со децении ја освојува публиката ширум светот.
„Палјачи“ претставува едно од најемотивните и најизведуваните оперски дела во историјата.



Приказната за љубовта, страста и одмаздата, преточени во операта „Палјачи“ на нашата сцена ќе се изведе под диригентската палка на гостинот од Унгарија, Кочар Балаж,во
режија на Дејан Прошев, сценографијата е на Илина Ангеловска, костимографијата е на Никола
Булески, кореографијата е на Олга Панго, концерт – мајстор е Климент Тодороски, а хор –
мајстор: Ѓурѓица Дашиќ и Јасмина Ѓорѓеска.
Во солистичката екипа настапуваат: Дешира Амети Крлиу(Неда),Антонело Паломби од
Италија (Канио/Палјачо), Марјан Јованоски(Тонио),Драган Ампов(Силвио), Јане
Дунимаглоски(Арлекин), заедно со хорот, оркестарот и балетските солисти на Националната опера и балет.
Операта „Палјачи“ е едно од најпознатите дела на италијанскиот веризам. Премиерно е
изведена во Милано во 1892 година, а Леонкавало сам го напишал либретото, инспириран од вистински настан. Делото ја ја открива тенката линија помеѓу уметноста и реалноста, љубовта и
љубомората, смеењето и солзите. Со незаборавната арија „Vesti la giubba“, ова ремек-дело годопира секое срце и потсетува дека и зад маската на насмевката може да се крие болка.
Т. Гогоска
куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени
со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски
текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски
содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се
цитира.
































