Почина познатиот хрватски новинар Роберт Валдец

На 62-годишна возраст почина истражувачкиот новинар и воен репортер Роберт Валдец. Валдец доживеал тежок срцев удар во април, по што паднал во кома и бил хоспитализиран во Специјалната болница за медицинска рехабилитација во Крапинске Топлице.

Валдец ја започна својата новинарска кариера во 1994 година во весникот „Вечерни лист“, брзо истакнувајќи се со својата способност да им ги доближи сложените теми на читателите.

Беше познат по своите воени извештаи и емисијата „Истрага“. Мигрантската криза, организираниот криминал, воените злосторства и тероризмот се само дел од темите на  неговите извештаи што го карактеризираа стилот на истражувачкото новинарство на Валдец.

Неговиот впечатлив стил на истражувачко новинарство и директен пристап ја обележаа емисијата „Истрага“, која привлекуваше големо внимание кај гледачите од целиот регион. Посебен интерес предизвикуваа темите поврзани со криминал и друштвени девијации. Секоја негова емисија ја започнуваше со реченицата „Истражете ја со мене темната страна на Хрватска“.

Роберт Валдец ќе остане запаметен како новинар кој секогаш одеше спротивно од трендовите, избирајќи ја страната на читателите пред моќните тајкуни и властодршци и нивните интереси.

Беше погребан пред два дена на гробиштата Мирогојно во Загреб.

Мартин Матас

 

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.