На 8 ноември (сабота), од 9 до 22 часот, над 1600 деца и млади танчери од 12 држави,ќе настапат на сцената на Националната опера и балет на седмото издание на Интернационалниот танцов натпревар “Стејџ 2025”. Тие, ќе танцуваат класичен и современ балет, џез, модерн, акробатски и шоу танц…
„Преку танцот, децата од целиот свет учат да ја разберат и почитуваат културата, да создаваат пријателства и да ја негуваат љубовта кон сцената. Со секое издание, СТЕЈЏ станува мост што ги поврзува младите генерации преку уметноста, промовирајќи ја Македонија како земја на култура, талент и инспирација,“ поеачува во најавата на Фестивалот, Тамара Ѓурчиновска, организатор и уметнички директор на натпреварот.
куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени 
со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски 
текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски 
содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се 
цитира.
        
            
		
































