Почна аудицијата за  “Распеано детство 2022”

327
Фестивалот “Распеано детство 2022” ќе се одржи по 17 пат, на 27 мај 2022 во националната установа центар за култура ,,Трајко Прокопиев,, во Куманово. Во зависност од заинтересираноста можно е фестивалот да се одржи во две вечери, 26 и 27 мај.
Во тек е информацијата дека е отворена аудиција на заинтересирани деца-пејачи која ќе се одржи он-лине. Во подготовка е спектакуларно издание на фестивалот со полна раздвижена сцена, со учество на кловн, анимација со јунаци од детските цртани филмови (Мики Маус, Душко Долгоушко и слични јунаци), со жонглери и други видови на сценски адаптации кои ќе бидат несекојдневни за учесниците и посетителите.
Фестивалот ќе биде снимен од професионална телевизиска екипа, ќе биде издадено фестивалско ЦД – носач на звук и истиот ќе биде достапен до секој оној кој ќе има желба да го проследи преку Ју-Тјуб каналот на здружението “Ризница”  организатор на фестивалот.
Фестивалот ќе има меѓународен карактер со гости учесници од Бугарија, Србија, Косово, Црна Гора, како и гости учесници со веќе воспоставените релации од слични фестивали од овој тип како што е “Распеано Симитче”.
куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.