Почетна КУЛТУРА Светот на филмот Се снима краткиот игран филм „И покрај

Се снима краткиот игран филм „И покрај

16

Во периодот до 17 март 2024 година ќе се снима мултиетничкиот краток филм „И покрај сè“ кој промовира дијалог и соработка помеѓу младите од различно етничко потекло.

Филмот е во режија на м-р Кузман Кузмановски, а директор на фотографија е Филип Кондовски. Главните улоги ги толкуваат Бехреда Решит, Петар Мароски, Ива Илијевска, Бора Јовановска и Идеал Селмани, а во споредни улоги се јавуваат десетина млади таленти. Филмот е во продукција на Здружението на граѓани Креативен Центар Тинтири Минтири. Филмот ќе се снима на повеќе локации низ Скопје, а премиерно ќе биде прикажан во април.

Проектот е поддржан од Мисијата на ОБСЕ во Скопје, како дел од проектот „Градење нови мостови – Младинскиот меѓукултурен уметнички фонд  („Building New Bridges – Youth Inter-Cultural Art Fund“).

Во период од шест месеци преку низа работилници и филмска обука, триесетина млади на возраст од 14 до 18 години добија обука во филмската сфера и остварија соработка со своите врсници од различно етничко потекло. Како краен резултат од оваа соработка се снима краткиот филм „И покрај сè“ кој ќе биде прикажан во кино и на телевизија.

metropolis-big