Нико Нестор (роден како Никола Несторов во Струга ( 19 јуни 1934 година – Скопје, 26 февруари 2016 година ) — основоположник на македонското маратонско пливање и прв Македонец што го преплива Ла Манш на 9 септември 1959 година. Тој бил предводник на славната генерација македонски пливачи маратонци заедно со Климе Савин, Атина Бојаџи и Дики Бојаџи, кои ги поставиле основите на македонското маратонско пливање.
10 години подоцна на истиот датум 9 септември Атина Бојаџи (13 март 1944 во Охрид – 28 декември 2010 во Скопје) — најдобрата македонска маратонка во пливање го препливала Ла Манш, за време од 13 часа и 20 минути и станала првата жена, која го препливала овој Канал.
Уште на 11-годишна возраст успеала да ги соборила сите македонски рекорди во пливање на кратки патеки во слободен стил, делфин итн. Таа била светски првак во маратонско пливање на слатки води на Охридскиот маратон одржан во 1962 година. Вкупно двапати била светски првак на слатки води, првиот пат само со 18 години, но вистински подвиг запишала истата година кога на исклучително опасниот маратон Саида – Бејрут. Од 23 натпреварувачи на целта успеала да стигне само таа и еден пливач од Египет. Претседателот на Либан, восхитен од нејзината пливачка моќ, а така млада, тогаш на Атина Бојаџи и доделил орден за храброст. Таа до денес останала најмладиот првак на Охридскиот пливачки маратон на сите времиња. Во 1962 година со испливување на патеката Капри-Неапол станала светски првак на солени води.
Врв на нејзината пливачка кариера е препливувањето на Ла Манш на 9 септември 1969 година, за 13 часа и 20 минути и со тоа станува првата Македонка, а воедно и првата пливачка од Југославија, која го остварила овој успех.
https://mk.wikipedia.org/wiki/9_%D1%81%D0%B5%D0%BF%D1%82%D0%B5%D0%BC%D0%B2%D1%80%D0%B8




































