Концерт на Националниот џез оркестар и реномираниот американски гитарист и композитор Курт Розенвинкел

Концертот  на Националниот џез оркестар и реномираниот американски гитарист и композитор Курт Розенвинкел  ќе се одржи на 1 октомври 2025 година, со почеток во 20:00 часот, во 
Националната опера и балет, под диригентска палка на маестро Владимир 
Николов. 
Господинот Розенвинкел е еден од највлијателните современи џез-гитаристи, познат по 
својот препознатлив музички јазик, техничка виртуозност и длабока емотивна изразност. 
Eric Clapton го нарече „гениј“, а The New York Times истакнува дека „со само неколку 
ноти,  кажува повеќе отколку што многумина постигнуваат за цела кариера“. 
Концертот со Националниот џез оркестар претставува негов прв настап во Скопје и 
исклучителна можност за љубителите на џезот да уживаат во музика од највисок ранг-пишува во соопштението од оваа Национална институција.
куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.