Времеплов- 18 септември 1851- Излезен првиот број од весникот „Њујорк дејли тајмс“

На 18 септември 1851- Излезен првиот број од весникот „Њујорк дејли тајмс“еден од најтиражните весници во светот.

The New York Times или Њујорк тајмс — американски дневен весник основан во Њујорк во 1851 година. Тајмс има освоено 104 Пулицерови награди, најмногу од сите известувачки организации во светот. Во декември 2008 година, мрежното место на весникот било најпосетувано место на еден американски весник, со повеќе од 18 милиони посетители во декември.

Иако останува најголем локален весник на метрополата и трет по големина во Соединетите Американски Држави по The Wall Street Journal и USA Today, во текот на последниве неколку години делничниот тираж на печатениот весник нагло опаднал, заедно со останатите весници, на помалку од еден милион примероци дневно за првпат по осумдесеттите години.[4] Со прекарот „Сивата дама“ и „Весник со висока репутација“ во рамките на индустријата, Тајмс е во сопственост на The New York Times Company, која исто така објавува 18 други регионални весници вклучувајќи ги International Herald Tribune и The Boston Globe. На чело на компанијата е Артур Салцбергер и неговото семејство го води весникот од 1896 година.[5]

Мотото на весникот, испечатено во горниот лев агол од насловната страна, гласи: „Сите вести соодветни за печатење“. Тој е организиран во неколку делови: вести, мислења, бизнис, уметност, наука, спорт, стил и фељтон. Тајмс го задржал форматот со осум колони, иако поголемиот број весници го промениле на шест колони и е еден од последните весници кои внеле фотографија во боја. Во 2008 година, Тајмс станал достапен на iPhone и iPod Touch и во 2010 година на мобилните уреди iPad.

Извор https://mk.wikipedia.org/wiki/The_New_York_Times

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.