Почетна КОЛУМНА Рушењето на спомен куќата на Владо Малески е сликовито откорнување, на македонскиот...

Рушењето на спомен куќата на Владо Малески е сликовито откорнување, на македонскиот идентитет

Деновиве, тажни уништувачки глетки, при рушење на едно вредно спомен обележје на Македонија , дојдоа од Струга. Снимки кои заличуваат на “војна која руши се пред себе“ . А ние сме мирна држава и премирен народ, очигледно.
И не било секогаш така. Се бореле Македонците низ векови, низ војни, поминувале премрежија, за да го сочуваат ова парче земја, наша Татковина. Токму за тоа сведочи и  спомен куќата на Владо Малески, објект од големо историско и културно значење за нашата држава. Родната куќа на авторот на нашата Македонска химна, првоборец, и борец за слобода на Македонија и макеодонскиот народ.
По увидот на Управата за заштита на културното наследство, констатирани се сериозни оштетувања предизвикани при градежни активности на соседна парцела. Следуваат соодветни постапки согласно законот- рече денеска во Струга министерот за култура и туризам Зоран Љутков, и додаде дека и тој и Министерството остануваат посветени на заштитата и промоцијата на нашето културно наследство, нашата заедничка гордост и идентитет.
Но, во воздухот лебдат многу неодговорени прашања. Кој во 2023 година дал дозвола во простор под културно наследство, да се гради приватна зграда на жител на Струшкото село Велешта? Кому било од интерес да се дојде до оваа состојба, каде граѓаните го покажуваат својот револт? Ако градоначалникот на Струга ја дал дозволата а вчера  ден после рушењето ја поништил, дали за тоа имал увид Советот на Општината и ако имал зошто не реагирал?
Едно е вистина дека народот е под постојан притисок и како небаре очекува одсекаде, да се појави ‘уште нешто’, што ќе го вознемири и сето тоа го прави несигурен.
Мене снимките од рушењето, ми личеа на подривање и целосно откорнување на македонскиот идентитет. Страшно и болно за секој чесен граѓанин на Македонија.
И сакам да верувам, дека веднаш ќе се започне проект за обнова и реставрација на спомен-куќата, со цел да го зачуваме нејзиниот автентичен изглед и историскиот дух на домот на авторот на македонската химна.
А дотогаш стиховите на Владо Малевски, напишани за македонската химна, нека не потсетуваат на еден дел од борбената историја на македонскиот народ.
М-р Татјана Гогоска 
metropolis-big