10 декември – Ден на човековите права

Генералното собрание на ОН на 10 декември 1948 година ја усвоило Универзалната декларација за правата на човекот 

По тој повод, овој ден се смета за Ден на човековите права, кои во многу нешта во различни дрѓави сеуште не се целосно усвоени.

Датумот бил одбран во чест на прифаќањето и одобрувањето на Универзалната декларација за човековите права од страна на Генералното собрание на ООН на 10 декември 1948 година во Париз[1], прв глобален документ за човекови права и едно од првите големи достигнувања на новите Обединети нации. Официјалното создавање на овој ден се случило на 317. пленарен состанок на Генералното собрание на 4 декември 1950 година, кога Генералното собрание ја донело резолуцијата 423(V), поканувајќи ги сите земји-членки и секоја друга заинтересирана организација да го слави денот како што тие сметаат најдобро.

Денот вообочаено е одбележуван од политички конференции од висок ранг и состаноци, како и од културни настани и изложби за проблемите со човековите права. Дополнително, на 10 декември традиционално се доделуваат наградата за човековите права на Обединетите нации и Нобеловата награда за мир. Многу владини и невладини организации активни во полето на човековите права, исто така, организираат специјални настани во чест на денот, како и многу други граѓански и општествени организации.

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.