Импровизација и театар со групата „Настап“ во МКЦ

884

Интерактивните хумористични настапи на актерите Наталија Теодосиева, Тони Денковски, Дамјан Цветановски, Григор Јовановски, Мартин Манев, Сергеј Димовски и режисерот Андреј Цветановски во улога на водител се оригинален пристап кон театарската уметноста,каде на штизите што живот значат можат да се прикучи и публиката.

Импровизацијата се користи како алатка за време на креативниот процес, но ретко кога тој е веќе осмислен и финализиран. Актерите уште од студиите за актерство се соочуваат со вежби и игри кои ја освестуваат и развиваат креативноста, довербата во партнерот на сцената, способноста на изведувачот да се адаптира на секој нов проблем и секогаш да дејствува од активна но опуштена позиција.

На овој „Настап“ актерите играат сцени за кои немаат сценарио, но, имаат правила во зависност од играта. Секоја игра на сцена овозможува публиката на различен начин да биде вклучена во креирањето на сцените и улогите. Целта на актерите е покрај сите пречки кои водителот и публиката ќе им ги зададат, да успеат да создадат логични сценски целини. Освен создавањето на содржината преку задавање на локации, ликови или проблеми во сцените, кои актерите тогаш за прв пат ги играат, овој вид на целовечерна претстава без сценарио  ѝ дава можност на публиката и таа да биде дел од сцената.

 

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.