Од 8 до 13 септември во Струмица ќе се одржи МФТ “Ристо Шишков“

Меѓународниот фестивал на камерен театар „Ристо Шишков“, кое традиционално почнува на 8 септември, на Денот на независноста, годинава ќе го има триесет и третото ииздание.

На програмата ќе има 13 остварувања од земјава, Бугарија, Србија и Италија, кои ги одбра селекторот Љупчо Ѓоргиевски.

Фестивалската програма ќе почне со актерите од струмичкиот театар и  претставата „Синот“ од Флоријан Зелер во режија на Благој Мицевски, а со камерни театарски остварувања ќе се претстават и актери на МНТ, Драмскиот театар од Скопје, Народниот тетар од Битола, Кумановскиот театар и Театарот „Јордан Хаџи Константинов-Џинот“ од Велес, а на програмата се и две монодрами и копродукциски проекти.

 

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.