Почетна КУЛТУРА Театар Со нова претстава Коле Ангеловски слави 60 годишен јубилеј

Со нова претстава Коле Ангеловски слави 60 годишен јубилеј

Со новата претстава, по негов текст, „Птица со глава меѓу нозе“ чија премиерата на драмата е закажана на 10 ноември во 20 часот во Драмски театар, режисерот Коле Ангеловски слави 60 години активна уметничка кариера.

Ангеловски го пишувал текстот во 2018 и 2019 година, и како да предвидел некои работи кои се случија и кои случуваат.

На денешната прес конференција директорката на театарот Катарина Коцевска- Хаџи Василева, рече дека премиерата ѝ ја посветуваат на колешката Сабина Ајрула-Тозија, која почина на 10 август на 75 години.

Ајрула-Тозија е една од легендарните актерки на Драмски, најпрепознатлива беше по улогата на Фатиме, токму од претставата на Ангеловски, „Солунски патрдии“, и затоа сакаат да ѝ оддадат почест.

Играат: Стефан Вујисиќ, Маја Вељковиќ-Пановска, Благој Чоревски, Марија Кондовска, Ѓокица Лукаревски, Анастас Тановски, Калина Наумовска, Благица Димитровска и Симон Манасковски.

Сценографијата е на Илина Ангеловска, костимите на Раде Василев, а музиката ја направи Кокан Димушевски.

Со последните одлуки на Владата, театрите може да примат 50 отсто публика, влезот е со ковид сертификат за примена вакцина или прележана болест.

https://mk.wikipedia.org/wiki/%D0%9A%D0%BE%D0%BB%D0%B5_%D0%90%D0%BD%D0%B3%D0%B5%D0%BB%D0%BE%D0%B2%D1%81%D0%BA%D0%B8

metropolis-big