На 14. 03.2015 од 12.00 часот во Големата сала на Општина Охрид гостува Лилјана Стоилковска со перформансот на монодрамата „Љуба“ од позната македонска писателка Ката Мисиркова – Руменова.
Лилјана Стоилковска, познатата поранешна спикерка од МРТВ, актерка, пејач и писателка, член на Друштво на писатели на Македонија, вели дека со премиерата на монодрамата во Скопје а сега и со изведбите низ цела држава го исполнува аманетот од авторката Мисиркова – Руменова.
Сценариото и режијата се на Стоилковска а реч за писателката ќе одржи д-р Васил Тоциновски.
Настанот заеднички го организираат НУ Библиотека „Григор Прличев“ и Општина Охрид. Влезот е бесплатен за сите.
куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени
со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски
текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски
содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се
цитира.