Томислав Османли и Никола Маџиров ја претставуват македонската литература во грчката антологија „Балкан“

Од 26 до 28 септември ќе биде одржан Првиот Конгрес на интелектуалци – културна и книжевно теоретска средба насловена „Меѓу-балкански литературни среќањава“ со поднаслов „Разбирајќи го Балканот низ литературата“, настан во чиј пресрет е објавена и  антологијата „Балкан – современа книжевна антологија“ (издание на „Маѝстрос“, Атина, 09.2025) во Грија. Средбата   ова издани на Антологијата е поддржана од Грчкото министерство за култура.

Антологијата, која има 456 страници е составена од Еви Вулгараки-Писина, Ангелос Калогеропулос и Димитрис Склирис. Станува збор за уште една, за недолго време објавена јазично комплетна книжевна антологија што опфаќа преводи на грчки, од сите балкански јазици. Таа опфаќа 57 автори и 12 преведувачи што приопштиле литературни дела од Грција, Србија, Романија, Босна и Херцеговина, Северна Македонија, Бугарија, Турција, Кипар, Словенија, Црна Гора, Албанија и Хрватска. На официјалната најава по азбучен ред и според националните писма на земјите, поброени се главните градови на дванаесетте балкански држави.

Новата книжевна антологија „Балкан – современа книжевна антологија“ вклучи преводи од  македонски јазик на творби од двајца наши истакнати автори: Томислав Османли, прозаист и Никола Маџиров, поет. Преводот на грчки јазик е на Мариа Думба.

Претходно, во Грција беше објавена исто така јазично компетната „Антологија на балканското расказно творештво“ во која  покрај Томислав Османли, составувачот д-р Ставрос Дајос, опфати творби од уште седум прозни автори од нашата литература.

Инаку, тридневната научно-теоретска средба „Меѓу-балкански литературни среќањава – Разбирајќи го Балканот низ литературата“ ја организира асоцијацијата „Меморија и авангарда – отворање нови патишта“, а ќе се одржи во Конгресниот центар Елкиона, во Алиартос тесалиска Биотија

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.