Википедија на македонски јазик – Одржан семинар за наставници

150

На 24 декември 2021 се одржа семинар на наставници во Скопје. На семинарот присуствуваа 10 наставници од ОУ Лазо Трповски во Скопје.

Предавање одржаа М-р Татјана Гогоска која зборуваше за медиумската писменост и култура, Гордана Јовиќ Стојковска за предизвиците и замките во користење на Википедијата во наставниот процес и Снежана Штрковска, претседател на ГЛАМ за позитивните аспекти на користење на Википедија.

За време на семинарот присутните беа запознати со медиумската писменост и култура, со предизвиците за тоа како се користи Википедија во училница, и на крајот со активностите на Вики Клубовите како и програмите на Здружението.
Обука на наставници е дел од образовната програма на ГЛАМ Македонија.

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.