„ПРОМУЗИКА“ со водечкиот оперски драмски сопран во Македонија, Весна Ѓиновска Илкова
Концерт „ПРОМУЗИКА“ со водечкиот оперски драмски сопран во МакедонијаВесна Ѓиновска Илкова во Офицерски дом - КИЦ Битола, во пијано придружба на Кристина Светиева.
Концертот ќе се...
Прес-конференција по повод востановувањето на националната награда „Роксан Стојанов“
В среда, на 5 ноември 2025 год., во 11:00 часот, во Францускиот институт во Скопје, ќе се одржи Прес Конференција за печат, со воведно...
ПЕТТИОТ ЕЛЕМЕНТ – Општество заразено со малограѓанштина
Ако сакаме да се обидеме да добиеме што е можно појасна слика за денешното општеството, ќе мораме, од критичка дистанца, да допреме до сè...
7 ноември, ќе биде вечер исполнета со драма, страст и величествена музика во МОБ со операта „Палјачи“
Операта „Палјачи“ од Руџеро Леонкавало ќе биде изведена на 7 ноември 2025 година, 20.00 часот.
Ова е едно од највеличествените дела на оперскиот веризам, кое...
Во издание на „Македоника литера“ е објавен романот за млади „ВАНДА“ од хрватста пистелка Силвија Шесто
"Македоника литера“ неодамна го објави романот за млади „Ванда“ на хрватската писателка Силвија Шесто која е меѓу најчитаните писатели во Хрватска. Преводот од хрватски јазик е на Славчо Пеев. “Ванда“ е симпатичен и лесно читлив роман, наменет за деца и млади. Заплетот се врти околу едно градско семејство и нивните секојдневни, тривијални проблеми. Во центарот на ова семејство е девојката по име Ванда, која, влегувајќи во пубертет, почнува да го запознава реалниот живот.
На преминот од детска во младешка возраст, Ванда ја открива љубовта, ги доживува своите први
разочарувања и сите други проблеми поврзани со заљубувањето. Тоа води до низа компликации, мали недоразбирања и, на крајот, до научена лекција. Ванда ја мачат многу пубертетски проблеми со кои не знае секогаш соодветно да се соочи. Растргната меѓу растењето и половото созревање, од една страна, и
детинестата потреба за внимание и грижа, од друга страна, запаѓа во генерациски несогласувања, во
несреќна заљубеност и се соочува со сознанието дека светот е многу поразличен од тоа како што го замлувала.
Книгата ги следи личните размисли на сите членови на семејството, освен на најмладиот – помладиот брат на Ванда. Главните ликови се претставени преку нивните лични записи (искази), напишани во форма на дневник, односно – секој лик раскажува дел од приказната од свое гледиште. Овие искази се кратки поглавја напишани во прво лице, преку кои читателот има можност да ја погледне истата ситуација од различни перспективи. Тоа се субјективни искуства на секој учесник во приказната. Преку реакциите на учесниците на настанот, се запознава нивниот лик.
Силвија Шесто (1962, Загреб, Хрватска) е афирмирана хрватска писателка за деца и млади. Дипломирала филозофија и литература и завршила Виша тренерска школа. Објавува проза, поезија и драми. Автор на близу 60 книги за деца и млади и на петнаесетина за возрасни, од кои десет романи. Таа има и богат драмски опус. Изведени се петнаесет радиодрами и неколку драми на театарските сцени.
6 ноември -Концерт на Националниот џез оркестар и пионерите на џез-фјужн...
Nа 6 ноември 2025 година, со почеток во 20:00 часот, во
Националната опера и балет Националниот џез оркестар ќе одржи концерт заедно со легендарниот американски...




































