Вечерва во Галерија „КО-РА“ на ЈУ Дом на култура „Кочо Рацин“-Скопје, беше отворена самостојната изложба на м-р Славица Танеска „Иконописот – коренот на македонското сликарство“.
Оваа изложба е дел од програмата со едукативен карактер наменета пред се на студентите и љубителите на уметноста.
На оваа самостојна изложбата м-р Славица Танеска се претставува со проект инспириран од улогата и значењето на иконографијата и портретот во византиската уметност кој е од посебно значење не само во историјата на средновековната, византиска уметност, туку воопшто во историјата на уметноста и релациите во контекст на влијанијата на ововремената современа уметност, која се повеќе се оддалечува од каноните на иконографијата и конвенционалното сликарство, од техниките, темите и методологијата во постапката.
Овоа изложба посветена на иконографијата е поддржана од Град Скопје и од ЈУ Дом на култура „Кочо Рацин“ -Скопје во рамките на годишната програма за визуелни уметности, дизајн и архитектура за 2025 година со доделување на простор за реализација на оваа самостојна изложба, со која м-р Славица Танеска го одбележува својот 15-годишен јубилеј во творештвото и активно континуирано присаство во сферата на визуелните уметности во земјата и надвор.
Фото: м-р Славица Танеска