Фабрика за чоколади, вафли и бонбони “ЕВРОПА” е најстара фабрика за кондиторски производи на Балканот основана во 1882 од Теохар Андонов Икономов и Пане Димитров Наумов, како занаетчиска работилница за производство на бонбони, локум и други производи од шеќер.
Во тоа време опремата во работилницата е многу скромна, неколку бакарни казани за производство на смеса за бонбони и варење локум, со капацитет од 250 кг. на работна површина од 150 м². Во 1902 година “ЕВРОПА” го ангажира најдобриот мајстор за бонбони од Солун, Атанас Немацалиен, со цел постигнување на производство со врвен квалитет.
Во август 1952 Фабрика за чоколади, вафли и бонбони “ЕВРОПА” се преселува на денешна локација. 1975 на пазарот е пуштен нов производ „крем банана“. Трубадур” е првата бонбониера на “Европа” Скопје.
Денес, АД Европа Скопје е модернизирана фабрика за чоколади, вафли и бонбони, која може да се пофали со своите достигнувања, а за непогрешливиот квалитет на производите доволно говорат сертификатите за исполнување на потребните стандарди, како и производство од околу 5.000 тони годишно и продажба на странскиот и на домашниот пазар. Производите може да се најдат во повеќе од 30 земји низ светот, над 2.000 маркети и 22 сопствени продавници низ земјава.
Преземено од Гордана Јанакиевска , https://www.linkedin.com/in/gordana-janakievska