Дебата на тема „Климатското затоплување на Балканот: каква преобразба за градовите?“

107
Дебата на тема „Климатското затоплување на Балканот: каква преобразба за градовите?“, ќе се одржи в петок 10 декември 2021, во 18 часот, во хибридна форма (мал дел од публиката ќе биде присутна во просториите на Францускиот институт во Скопје, а поголемиот дел ќе се приклучи на платформата Зум).
Дебата ќе биде фокусирана на две теми: средствата за јавен превоз и затоплувањето на домаќинствата.
Учество ќе земат двајца француски експерти кои ќе пренесат позитивни примери од Франција, г-ѓата Мишел Лари-Шарлис, поранешна директорка за урбанизам на Градот Бордо, и г-дин Жилијен Жубер, од организацијата _Energies Cities_.
Нашите експерти, проф. д-р Никола Крстаноски, професор на Техничкиот факултет во Битола, и проф. д-р Стефан Бужаровски, професор на Универзитетот во Манчестер, ќе направат пресек на актуелната состојба во различни домени.
Дебатата ќе ја отворат г-ѓа Данела Арсовска, Градоначалничка на Скопје, и НЕ г-дин Сирил Бомгартнер, Амбасадор на Франција.
Настанот ќе се одвива со симултан превод. За да се добие линк на Zoom со цел следење на дебатата, потребна е регистрација на следниот мејл  [email protected] .
куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.