Српската хит комедија ,,Чекајќи го министерот” на турнеја во Македонија

178

Хит комедијата од Србија “Чекајќи го министерот” во април е на турнеја низ нашата држава. Оваа комедија е исклучително барана од публиката во бившите ју простори,но поради пандемијата до сега имаше мала пауза.
Дејствтото се случува во една кафана, руинирана, каде се ангажира дијзанер да се реновра бидејќи се очекува пристигнувањето на министерот.
Главната улога во претставата ја игра мега популарната актерка Лидија Вуќичевиќ, која нашата публика ја знае од хит серијата “Бољи живот” , “Жикина династија” и други.
Текстот е на актерот и режисер Семир Гичиќ.
Покрај Вукичевиќ и Гичиќ во претставата игра и нашиот актер Сашо Ристовски.
Како што ни најави продуцентот веќе е договорено кои наши градови ќе се игра претставата, во Штип, Битола, Куманово, Охрид, Пробиштип, и уште во некои други.

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.