Премиера на претставата „Арапска ноќ“ во прилепскиот театар “Војдан Чернодрински„

1205

Вечерва на сцената на театарот „Војдан Чернодрински“  премиерно ќе биде изведена претставата „Арапска ноќ“ од Роланд Шимелфениг, во режија на Зоја Бузалковска
„Арапска ноќ“ е првата премиера од овој театар за 2019-та година од предвиднеите вкупно четири до крајот на годината.

Според режисерот Зоја Бузалковска, „Арапска ноќ“ е напишана во 2001
година и поставена речиси во сите поголеми и поважни театри и одиграна на
многу јазици.

 

Прекрасна приказна, неверојатно урбана и сензуална,  која се движи во необични и сосема неочекувани правци, која во себе го спојува Истокот и Западот, грубата реалност и надреалното во сонот, тесниот стан и арапската пустина, можноста да се биде заробен во шише со коњак. Таа варира со стереотипите, отворено зборувајќи за нештата кои обично не ги изрекуваме гласно, а громогласно ги мислиме. Дејството се
случува во еден европски град, на седмиот кат од една станбена зграда, во
една летна ноќ, кога веќе востановената практика на функционирање на
животите секоја вечер, ненадејно се прекинува. Со текот на времето, зградата
се претвора во „волшебна кула“ и станува „извор на магичен реализам“ – вели
Бузалковска.

Сценографија и костимите во претставата се на Јулијана Војкова-
Најман, драматург е Лидија Митоска-Ѓорѓиевска, музиката е на Фолтин, а
играат Игор Трпчески, Даниела Иваноска, Ангела Наумоска, Александар
Степанулески и Димитар Ѓорѓиевски.

ПОчетокот на премиерата е од 20 часот!

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.