Времеплов- На 5. септември 1997 година почина Мајка Тереза

Mother Teresa of Calcutta at a pro-life meeting on July 13, 1986 in Bonn, Germany

На 5. септември почина Мајка Тереза, католичка калуѓерка, добитнична на Нобеловата награда замир и светица, родена во Скопје.

Гонџа Агнес Бојаџиу е родена на 26 август 1910 година, на тогашната улица „Поп Кочина“ број 14, која што се наоѓала на сегашниот Плоштад Македонија . Таа била најмалото дете во семејството, имала постара сестра Ага и постар брат Лазар. Ага е родена во 1904 година, а Лазар во 1908 година.

Во почетокот на XX век, католичката црква Пресвето срце Исусово во Скопје, била водена од редот на ИсусовциОтец Фрањо Јамбрековиќ, често на верниците им читал писма од мисионерки од Индија и Африка и живописно им го објаснувал животот на мисионерките. На тој начин, тој одиграл голема улога во одлуката на малата Гонџа да замине за Индија да го посвети својот живот на Бога.Конечната одлука да го напушти Скопје ја донела затоа што на 12 годишна возраст добила повик од Бога.

Mutter Teresa, lachend, Dezember 1985

По 6 години, таа конечно, го напушта родното Скопје. Заминува за Даблин, Ирска од железничката станица во Скопје. Заедно со мајката Драна и сестрата Ага заминуваат за Загреб, од каде, после две недели, Гонџа заминува за Ирска. Ова е последната средба на Гонџа со своите мајка и сестра.

Оттогаш, секаде и секогаш таа се именува со Исус, ширејќи ја својата молитвена порака дека „Светот не е гладен само за леб, туку уште повеќе за љубов“. Како основач на редот Мисионери на милосрдието, се посветила на добротворна работа помагајќи им на болните и сиромашните луѓе, поради што во 1979  година ја добива Нобеловата нграда за мир.

Во 1950  год. го основала  редот „Мисионерки на љубовта кон ближниот“, а во 1951 добива индиско државјанство.

Две години по нејзината смрт, Папата Јован Павле , ја започнува диоцезиската фаза од процесот за беатификација и канонизација . За светица е прогласена во Ватикан 2016 година.

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.