Викенд кујна – Тестенини со морски плодови

878

Овој викенд можете да одвоите барем за едниот ден помалку време зприготвување на ручек , за да можете покорисно да го поминете времето а сепак да направите нешто вкусно и нешто што не го правите секој ден.

Одберете тестенини по ваша желба, шпагети, макарони, равиоли и сварете ги на традиционалниот италијански начин. Исцедете ги и посипете ги со малку прегорен путер.

Купете микс од морски плодови и згответе ги на традиционален приморски начин, само со вода, која можете два пати да ја претурате додека убаво не омекнат. Настрана исецкајте ситно лук, морков и магдонос и во врел зејтин морските плодови и зеленчукот испржете ги.

Изрендајте или купете готов пармезан и сето тоа декорирајте го во чинии. Вкусно е нема што. А со тоа можете да се напиете чаша розе или бело вино, секако по ваш избор.

Пријатен ручек !

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.