IT4Charity: Кога секој чекор значи нов почеток за едно семејство -СОС Детско село

 
Дваесет и пет компании и 200 љубители на трчањето се обединија минатата сабота и 
по петти пат трчаа на хуманитарната трка IT4Charity организирана од СОС Детско 
село во Градскиот Парк во Скопје.  
И покрај сите предизвици во  ИТ секторот и покрај сите итни повици за помош во 
општеството и трагедијата во Кочани, ИТ заедницата уште еднаш покажа солидарност и 
сенс за потребата од континуираната грижа за најранливите и собра 30.000 евра за 
семејствата во социјален ризик.  
ИТ заедницата секогаш била предводник кога станува збор за иновација, прогрес и развој. 
Но токму преку поддршката на вакви иницијативи, уште еднаш покажува дека нивната 
сила не е само во технологијата — туку и во солидарноста, хуманоста и желбата да се 
вложи за повисока цел, да се помогне и да се направи разлика. Затоа сме им неизмерно 
благодарни за секоја донација!“, велат од СОС Детско село.  
Собраните средства ќе се наменат за програмата за ПРЕВЕНЦИЈА, што се реализира преку 
работата на две советувалишта кои на годишно ниво помагаат на најмалку 200 родители и 
деца да ги надминат предизвиците и да создадат безбедни средини со љубов за нивните 
деца. Програмата се фокусира на три главни области: Позитивно родителство, Зајакнување 
на семејството и Превенција на семејно насилство. Годишно се реализираат околу 900 
часа групни и индивидуални советувања за подобрување на семејните односи, 
родителските вештини за квалитетна грижа на децата, како и животните вештини и 
однесувањето на децата, нивните права, но и поддршка и пристап до потребните ресурси 
за закрепнување на жртвите на родово базирано и семејно насилство. 
„Досега преку оваа програма помогнавме на 1298 семејства во ризик да останат заедно со 
своите деца, односно  спречивме 3740 деца и млади да бидат разделени од своите 
биолошки семејства“, велат од СОС Детско село, додавајќи дека процентот на успешност 
на програмата досега, е високи 78% и се надеваат дека тој резултат веќе следната година ќе 
биде уште подобар благодарение на овогодинешната поддршка на: SINGULAR, CAP 
CARGO, NION, EMBED SOCIAL, IBORN, CASYS, INFINITE SOLUTIONS, LOKA, 
DELTATRE, HEY REACH, HORNEТ SECURITY, TARMAC, VASS, VERINT, AXIANS, FOXIT, 
KONTRON, METERGRAM, NEXTSENSE, PROXIAD, SIMPHONY DIGITAL, TELESMART, 
VECTOR 8, CODEVER и SOLUTIONADE. 
 
СОС Детско село упатуваат голема благодарност и до компаниите кои го поддржаа 
настанот и помогнаа во негова реализација, а тоа се: Алкалоид, Нептун, Пивара Скопје, 
Битолска Млекара, Виталиа, спортско друштво АК Фортиус, Биотек Поликлиника, ЕВН – 
Електродистрибуција и ДЈ Гоце Саф, како и медиумските поддржувачи Стопанската комора 
за информатички и комуникациски технологии МАСИТ, асоцијацијата за електронска 
трговија E-commerce и порталот ИТ.мк 
Овој проект и партнерство има големо значење за СОС Детско село, бидејќи оваа 
соработка со ИТ компаниите придонесува за стабилност и континуитет на работата на 
организацијата, но и дополнителна мотивација да продолжат да создаваат вистински, 
опипливи и долгорочни позитивни промени во животите на децата и младите од ранливи 
категории.  
 
 
 
 
куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.