Документарниот филм „Приказната за Силјан“ од македонската режисерка Тамара Котевска е откупен од страна на „National Geographic Documentary Films“.
Инаку, „National Geographic Documentary Films“ е еден од најпрестижните светски дистрибутери на документарни остварувања. Ова е првпат македонски филм да влезе во глобалниот каталог на оваа платформа, а ќе биде достапен во над 170 земји, вклучително и платформата „Disney+“.
Филмот годинава ја доби „Наградата на Музата“ за најинспиративен филм на Биеналето во Венеција, предизвика овации на преполните проекции во Торонто, а e и македонски кандидат за наградата „Оскар“ за најдобар интернационален филм.
куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени
со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски
текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски
содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се
цитира.