Во Куманово- Ретроспективна изложба на слики “55 – години ликовно творештво” на Боро Арсовски – Бабата
                    
На 23.09.2025 (вторник) со почеток во 20:00 часот во Национална устанoва 
Центар за култура “Трајко Прокопиев” Куманово, во изложбениот салон ќе 
биде отворена Ретроспективна изложба на слики “55 – години ликовно 
творештво” на Боро Арсовски - Бабата.
Боро Арсовски – Бабата е роден 1952 година во с. Страцин, Република Македонија. 
Основно и Средно образование завршил во Куманово. Со сликарство се занимава од 1969 година како сликар наивец и воедно изработува скулптури во камен и керамика – 
теракота. Првпат излага во 1971 година со ДЛУК од кога е и член на друштвото со кое 
настапува на многубројни годишни изложби ширум Југославија. Член е на УСУ-Галерија “Југославија” Белград. Од 1986 година членува во УСУ “Трета димензија” Белград. 
Учествувал на преку 30 меѓународни ликовни колонии на наивна уметност во : Риека, 
Загреб, Петриња, Врбовец, Нови Винодолски – Р. Хрватска, Сански Мост, Лукавац – Р. 
Босна и Херцеговина, Врање, Светозарево – Р. Србија, Требње – Р. Словенија. Има 
учествувано на преку 200 групни изложби и 4 самостојни. Неговите дела се лицитирани 
на неколку аукции во Белград и Скопје, за кои имало најголем интерес, најдолго се 
лицитирани и најскапо продадени. Неговите слики се наоѓаат во многу Галерии, Музеи и приватни колекции ширум светот. За творештвото на Арсовски се снимени 2 
документарни филма. Едниот во продукција на Македонска Радио Телевизија, а вториот 
филм е снимен за меѓународениот филмски фестивал “Златни сунцокрет” во Р. Србија кој...                
            Во рамки на фестивалот „Еволуција на сонот“, вечерва ќе биде изложбата на Јулија Манојлоска...
                    Инсталацијата „Релации“, се изложува за прв пат, во отворен простор и создава релација со урбаниот пејзаж на паркот. Концептот за уметничкото дело, инсталацијата, е...                
            “Македонска држава“, дигитална ризница на македонското историско наследство, достапна од денес
                    Денес официјално започна со работа платформата „Македонска држава“. Тоа е  најголемата дигитална библиотека за македонското историско наследство. Платформата содржи повеќе од 300 електронски книги,...                
            Вечерва во МСУ ќе биде отворена изложбата “Живко Поповски-живот посветен на архитектурата“
                    Ретроспективната изложба за Живко Поповски, едно од најзначајните имиња во македонската архитектура, ќе биде отворена, вечерва ( 3 септември 2025 година) во 20 часот...                
            Во тек е Меѓународната ликовна колонија „Марко Цепенков – Дрен 2025“
                    Во манастирот Св.Ѓорѓија, прилепско, во полн ек е 17-та меѓународната ликовна колонија „Марко Цепенков – Дрен 2025“ што ја организаира ЦК „Марко Цепенков“ од...                
            Уметност или комерцијализација
                    Како  да се одржи рамнотежа помеѓу уметничката автентичност и комерцијалните барања?
Познато е дека уметниците комуницираат со својата публика преку своите уметнички дела. Секој период...                
            „Портрети и фигури – избор од колекцијата на Националната галерија“ во Чифте амам
                    13 Март 2025
 
Во Националната галерија на Македонија, во објектот Чифте амам, е отворена за јавност изложбата под наслов „Портрети и фигури – избор од...                
            Изложба „Моменти“ на Марта Патлиџанковска во Македонскиот КИЦ во Софија
                    На 13 март 2025, со почеток од 18:30 часот, во галеријата на Македонскиот културно-информативен центар во Софија ќе се одржи отворањето на ликовната изложба...                
            Скопјани ја видоа убавината на “Вечни тела”
                    На 18.02.2025 урбаниот дух на Скопје беше освежен со една светска изложба изложба на фотографии во рамките на проектот „Вечни тела“ од фотографот Жарко...                
            Изложба на Решат Амети во МКЦ
                    МКЦ ГАЛЕРИЈА 11 март 2025, 20.00 часот
Патувањето по патиштата на уметноста е авантура и страст на кој уметникот целосно се предава, на овој пат...                
             
            