Времеплов- 22 септември 1944 – Почина Ибе Паликуќа, народен херој

На денешен ден 22 септември 1944 по тешките здобиени рани во борба против балистите почина Ибе Паликуќа (Дебар, 1927 – Шутово, 22 септември 1944) била учесничка во НОВ во #Македонија, народен херој.

За народен херој на Југославија е прогласена на 8 октомври 1953 година. Таа е една од седумте партизанки од Македонија, кои се прогласени за народни херои на Југославија и една од најмладите народни херои во поранешна Југославија.

Како пионер ја добива првата задача како курир да носи писма и да пренесува илегалци. Сè повеќе се ангажира, чита и растура летоци. На петнаесет години, во 1942 година ја примаат во СКОЈ. Лесно се движи низ градот затоа што окупаторот не се сомнева дека е комунист затоа што татко ѝ е оџа. Во нивната куќа се одржуваат состаноци и свраќаат илегалци. Активноста на Ибе во партиската организација во Дебар високо се цени, па во јуни 1943 година ја примаат во КПЈ. Ибе се истакнува како партизанка и на 6 август 1944 година станува заменик-комесар на чета во Четвртата албанска бригада на НОВ. Од формирањето, бригадата е во постојана борба со балистите. Балистите се потпомагани од Германците, кои ги снабдуваат со тешко вооружување. Во една таква борба на периферијата на Кичево на 20 септември 1944 година, при пробивот на партизаните таа е во последната група.

Во борбата меѓу селата Премка и Шутово, Ибе е тешко ранета и по два дена, им подлегнува на повредите во селото Шутово, Кичевско.

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.