Награда „ПОРИН“ за животно дело, постхумно ќе добие Матија Дедиќ

Музичарот Матија Дедиќ, постхумно ќе добие награда „Порин“ за животно дело. Ова ќе биде негова 38 награда „Порин“.

„Наградата ‘Порин’ за животно дело се доделува на уметници кои преку своите работа, неуморна креативност и исклучителен придонес оставиле неизбришлив белег во хрватската музичка историја. Оваа година, за жал, постхумно, управниот одбор на ‘Порин’ му ја доделува оваа најголема музичка чест на Матија Дедиќ. Наградата за животно дело може да се додели постхумно само на оние уметници кои несомнено ја заслужиле со постојаното активно присуство на сцената и неисцрпната креативна енергија, а не ја добиле за време на својот живот. Матија Дедиќ беше токму тоа“, велат од „Порин“.

Дедиќ почина на 8 јуни оваа година на 53 години, оставајќи голем музички опус и незбришлива трага што го стави на врвот на хрватската и европската џез сцена. Тој е син на хрватските музички великани Арсен Дедиќ и Габи Новак. После смртта овој месец на неговата мајка Габи Новак, исклучителна музичка ѕвезда, за жал од ова тричлено многуталентирано музичко семејство, не остана никој.

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.