Владата со информација – Платите со пораст од над 10,5% од минатата година

Осврнувајќи се на последните податоци од Државниот завод за статистика, а во врска со информација за движењето и порастот на платите, премиерот Мицкоски денеска објави податок дека и бруто и нето платата во јули месец е за повеќе од 10,5% поголема од јули 2024 година.

Мицкоски потенцираше дека на крајот на вториот квартал, заклучно со месец јули 2025 година, за прв пат после долго време и државниот и јавниот долг се намалени. Државниот за 4%, додека за 2,7% е намален јавниот долг.

Да очекуваме дека, трендот на пораст ќе продолжи, цените ќе се стабилизираат а стандардот на  населението ќе биде повисок.

Мартин Матас

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.