
Осврнувајќи се на последните податоци од Државниот завод за статистика, а во врска со информација за движењето и порастот на платите, премиерот Мицкоски денеска објави податок дека и бруто и нето платата во јули месец е за повеќе од 10,5% поголема од јули 2024 година.
Мицкоски потенцираше дека на крајот на вториот квартал, заклучно со месец јули 2025 година, за прв пат после долго време и државниот и јавниот долг се намалени. Државниот за 4%, додека за 2,7% е намален јавниот долг.
Тој во своето обраќање пред новинарите не пропушти да ги повика СДСМ да бидат конструктивна опозиција, потсетувајќи ги дека нивните обвинувања за задолжување дури и на неродените генерации, паѓаат во вода.
Мартин Матас
куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени
со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски
текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски
содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се
цитира.