9. јануари 1431 -Започнало судењето на Јованка Орлеанка во Руан

171

Јованка Орлеанка ( 6 јануари 1412- 30 мај 1431 ) — народна хероина на Франција и Светец на Католичката црква. Уште на 17 години, таа ја командувала француската кралска армија, убедувајќи го кралот Шарл VII  да ги истера Англичаните од Франција   и подоцна, овозможувајќи го неговото крунисување.

Во 1429 на чело на неколку стотици  Французи, кај Поатје  ги победи англиските освојувачи и го зазеде градот Орлеан од Буругдијците, но тие ја заробуваат во  1430  и им ја предаваат на Англичаните, по што е осудена за ерес и запалена на кол во 1431 во градот Руан.

Во 19 век , таа е прогласена за француска национална хероина. Јованка Орлеанка е прогласена за светица од страна на Католичката црква на почетокот од XX  век. Јованка Орлеанка се смета за силна жена полна решеност и вера.

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.