Се одржа прес конференција за значењето на зелената транзиција

23
Центарот за извонредност во стручно
образование и обука за зелени иновации на Машинскиот факултет – Скопје,  одржа прес-конференција на која стана збор за значењето на стручното образование за зелената транзиција и развојот на циркуларна економија како и за улогата која овој новоформираната Центарот ќе ја има во образовниот систем, во развој на квалификуван кадар за создавање нови зелени работни места, а ќе се направи и паралела со состојбите во европските држави.
На пресот говореа проф. Радмил Поленаковиќ од Машински факултет – Скопје, проф. д-р Дорис Киендл, раководител на Институтот за меѓународен менаџмент, Универзитетот за применети науки FH JOANNEUM, Грац, Австрија, доц.д-р Трајче Велковски, раководител на Центарот за извонредност на стручно образование и обука на Машински факултет – Скопје и д-р Бојан Јовановски, виш предавач наИнститут за меѓународен менаџмент, Универзитет за применети науки ФХЈОАННУЕМ, Грац, Австрија – Координаторна проектот ГРИНОВЕТ.
Центарот за стручно образование и обука за залени иновации е формиран, како регионален центар, еден меѓу четири во Европа, во рамките на
проектот „Гриновет – Европска платформа за извонредност за зелени иновации и стручно образование и обука.
Во проектот кој покрај Машинскиот факултет од Скопје од нашата земја вклучени се и Сојузот на стопански комори на Македонија, Национален
_центар за развој на иновации и претприемачко учење, Раде Кончар ТЕП и АСУЦ „Боро Петрушевски“ како и уште 13 партнери од Австрија, Португалија и од Финска.
куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.