
Многу често, во информациите кои не вознемируваат секојдневно имаме среќа да прочитаме за успесите на нашите млади низ светот, на сите полиња. Дали се тоа информатичари, математичари, балетани, музичари, поети или што и да е. Нашиот потенцијал во младата генерација е огромен и за почит.

Под менторство на професорката Христина Никоска Тасеска, ова е голем успех за сите!

Владимир Грчев од Кочани, ученик во прва година во ПСУ „Јахја Кемал“ во Скопје, го освои златниот медал на Европската олимпијада по информатика за млади во Шумен, Бугарија. Натпревар започна на 29 август, а ќе заврши на 4 септември.
Останува уште, посветена грижа на државата за овие наши идни генерации, на кои треба да им се овозможи своето знаење да го применуваат во нашата Татковина. Само така ќе градиме цврсти основи за развој и просперитет.
куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени
со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски
текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски
содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се
цитира.