петок 31 октомври, 2025

Вечерва се затвора 48. издание на манифестацијата „Денови на македонска музика“

Со концертот „100 години од раѓањето на Властимир Николовски и Кирил Македонски“ вечерва во 20 часот во Македонската филхармонија свечено ќе биде затворено 48....

„ЛЕТАЈ ГАЛЕБЕ“ – ПРОМОЦИЈА НА МОНОГРАФИЈА ЗА  КИРЕ КОСТОВ 

Во среда, 15 октомври во 19 часот, во кафе „Литература“ во Дајмонд Мол, ќе се одржи  промоцијата на монографијата „Летај Галебе“, посветена на маестро Кире Костов –еден од најзначајните македонски композитори, аранжери и диригенти.​ Настанот претставува омаж на неговото животно и уметничко дело, чиј опус остави  неизбришлив белег во современата македонска музика.  Автори на монографијата се Снежана Анастасова Чадиковска – истакната македонска  пијанистка, пијано педагог, музички публицист и организатор, и Марко Коловски – иден музиколог, публицист, новинар и општественик. Визуелниот идентитет го креираше Методија Ачевски, а изданието е реализирано во  печатницата „Бранко Гапо“. Монографијата „Кире Костов“ ги осветлува животниот пат и грандиозното дело на  маестро Костов – низ фотографии, сведоштва и архивски материјали што сведочат за  неговиот влог во македонската култура.  Промотор на делото е проф. д-р Александар Трајковски – музички теоретичар, истражувач,  педагог и публицист, а модератор на промоцијата ќе биде Живкица Каленикова.​ На настанот ќе зборува и Кармен Костова, академски музичар и пијано педагог, сопруга на  Кире Костов, која е иницијатор на проектот.  -Монографијата ја создадовме со многу љубов и почит. Кире беше човек што  целосно ѝ се предаваше на музиката и на луѓето околу него. Со оваа книга сакавме  да му возвратиме со иста љубов – да покажеме колку ни недостига, но и колку многу  ни остави. Секој ред, секоја фотографија и секое сведоштво носат дел од неговата  енергија, која и понатаму нè инспирира. – изјави Кармен Костова.  На промоцијата се очекува присуство на бројни уметници, пријатели и соработници на  маестро Костов, кои ќе му оддадат почит на човекот чие творештво е белег на македонската музика и време.  Промоцијата е и најава за претстојниот гала- концерт „Летај Галебе“, што ќе се одржи на 11 ноември во Националната опера и балет, во режија на Дејан Пројковски. ​ Концертот ќе обедини голем број македонски музичари и соработници на Кире Костов,  кои со изведби во живо ќе му оддадат почит на неговото дело.   

Гордан Спасовски, најдобар наш џез музичар за 2024 година

Во „Аудиокултура“ во Скопје, вечерва од 19 часот, ќе се промовира албумот „По пожарот“ (After the Wildfire), што норвешките музичари Јан Бенг и Арве...

КОНЦЕРТ НА ОРКЕСТАРОТ НА МУЗИЧКА МЛАДИНА

На 13 октомври, од 20 часот, во камерната сала на Филхармонија концерт ќе одржи Оркестарот на музичката младина на Македонија. Диригент е Ангел Спироски, а...

Алабаковски повторно на сцена

Утре, во „Јавна соба“ по цели 10 години отсуство од сцената, Ламбе Алабаковски повторно ќе настапи пред скопската публика. „Конечно, по десет години на некој...

НАЦИОНАЛНА ОПЕРА И БАЛЕТ – „Зорба Гркот“ повторно во Скопје

Вчера, во Националната опера и балет во Скопје, беше одржан концерт по повод 100 години од раѓањето на Микис Теодоракис – еден од најголемите...

Солистички концерт на пијанистот Арда Мустафаоглу, во Салон 19.19

Во Салон 19,19, во Културно-информативниот центар-Скопје вечер солистички концерт ќе има пијанистот Арда Мустафоглу. Tој ќе настапи со концертна програма што спојува различни музички епохи. -Публиката...

Концерт на креативност, енергија и талент – 7.октомври во Македонска филхармонија

На 7 октомври 2025 (вторник) во Македонска Филхармонија во мала сала, од 20 часто ќе се одржи концерт посветен на креативноста, енергијата и талентот...

Објавен новиот албум на Тејлор Свифт

Новиот албум на Тејлор Свифт, „The Life of a Showgirl“, е веќе објавен. Песните се појавија на стриминг услугите точно на полноќ по американско...

48 Фестивал „Денови на македонската музика“

  Вечерва во 20 часот во камерната сала на Филхармонијата ќе биде свечено отворен 48. фестивал „Денови на македонската музика“. На програмата се дела од: Дарија...
.td-container, .tdc-row { width: 1095px }